Познатиот грчки мит кој Караваџо го претворил во ремек-дело од кое со векови застанува здивот

Фото: Профимедиа

Едно од најпознатите ремек-дела на италијанскиот уметник Микеланџело Мериси – Караваџо (кој е починат на денешен ден), „Главата на Mедузата“, го доловува застрашувачкиот последен момент пред неjзината смрт.

Познато дело, отсечената глава – главата на Медузата, е насликано на дрвен штит и се смета за автопортрет на Караваџо од неговите млади денови.

Според грчкиот мит, секој што би го погледнал ова митско чудовиште во очи би бил претворен во камен. Според митот, главата и ја отсекол јунакот Персеј, со помош на блескавиот штит на божицата Атена, за да го избегне директниот поглед на Медузата.

Караваџо го претстави моментот на отсечената глава, но главата во тој момент се уште е свесна. Таа (или тој) штотуку станала свесна за сопствената смртност. Крвта истекува од главата, на устата се отсликува крик, а змиите се неми сведоци на неизбежниот крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xavi Capa – Locutor (@capadocius)


За изведбата на ужаснатото лице на отсечената глава на Медуза, моделот очигледно бил млад маж, а не жена.

Микеланџело Мерици, попознат како Караваџо, го насликал ова ремек дело како подарок за големиот војвода од Тоскана, Фердинанд I. Требало да биде составен дел од колекцијата на Медичи во Фиренца, како конкуренција на Леонардо да Винчи, кој во тој момент не бил жив, веќе 80 години.

Медузата била насликана на дрвен штит, што алудирало на приказната за младиот Леонард, кога татко му еднаш го замолил да го украси штитот. Леонардо отишол на полињата, собрал змии, гуштери и инсекти и насликал хибридно чудовиште.

Фото: Профимедиа

Дрвениот штит, секако, се однесува и на штитот од Атина, кој лукаво бил употребен за Персеј да ја измами Медузата.

Медичи ја користеле оваа иконографија за да ја претстават својата воена моќ.

Медузата на Караваџо постои во две верзии, првата е создадена во 1596 година, а втората веројатно во 1597 година. Првата верзија, позната и како Муртула, по поетот Гаспар Муртоли (п. 1624 г.), кој за неа напишал: „Бегај, оти ако очите ти се скаменуваат од чудење, ќе те претвори во камен“ и ова дело се наоѓа во приватна сопственост.

Втората верзија, попознатата верзија, не била потпишана иако често се вели дека датира од 1597 година. Ова познато дело, кое ќе ве остави без здив со реалистичниот приказ, се чува во галеријата Уфици во Фиренца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Davide Leccese (@instadv_lx)


Името на Караваџо е синоним за барокното сликарство. Најпознат по неговото запазување на деталите со драматична употреба на кјароскурата, тој може да се нарече татко на тенебризмот.

Тој ја направи техниката доминантен стилски елемент, прикривајќи ги сенките и фиксирајќи ги субјектите во светли зраци на светлина. Неговите дела се едни од највлијателните за таа ера – и тие имаа големо влијание врз Питер Пол Рубенс, Хозе де Рибер, Џовани Лоренцо Бернини и Рембрант, како и врз уметниците од следната генерација. Уметниците кои создавале под негово влијание се нарекувале Караваџоисти – како и Тенебристи, т.е. „сенкисти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот