Фото: Шкендија/Shkendija

Познати се можните противници на Шкендија во плејофот од Конференциската лига

Екипата на Шкендија направи историски успех и обезбеди пласман во плејофот на Конференциската лига, а веќе се знаат и потенцијалните противници на тетовскиот клуб.

Шкендија го заврши лигашкиот дел на 22. место, што значи дека ќе се соочи со 11. или 12. екипа на табелата, полскиот Лех Познан или турскиот Самсунспор.

Точно кој од овие два тима ќе биде противник на македонскиот клуб ќе се дознае на 16 јануари, кога ќе биде извршена ждрепката.

Мечевите од нокаут-фазата се закажани за 19 и 26 февруари, а бидејќи Шкендија не е носител, првиот натпревар ќе го игра на домашен терен.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот