Познати групите за Светското првенство во кошарка, Јанис и Грција на мегдан против САД

фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Следното Светско првенство во кошарка во машка конкуренција ќе се одржи од 25 август до 10 септември 2023 година, а домаќини ќе бидат три држави – Индонезија, Јапонија и Филипини.

Мундијалската титула ќе ја бранат Шпанците кои пред четири години во финалето ја совладаа Аргентина.

Црвената „фурија“ е во групата „Г“ со Бразил, Иран и Брегот на Слоновата коска, а потсетување дека светските вицешампиони нема да бидат дел од СП откако изненадувачки беа совладани од Доминиканската Република во последното квалификациско коло.

Од останатите фаворити, Франција е во групата „Х“ со Канада, Летонија и Либан, додека Австралија која го освои четвртото место на последниот Мундобаскет е во групата „Е“ со Јапонија, Германија и Финска.

Интересно ќе биде и во групата „Ц“ во која Грција предводена од најголемата ѕвезда Јанис Адетокумбо ќе ги одмери силите против САД, а ривали ќе им бидат и Нов Зеланд и Јордан.

Светско првенство 2023

Група А: Филипини, Италија, Ангола, Доминиканска Република
Група Б: Србија, Кина, Порторико, Јужен Судан
Група Ц: САД, Грција, Нов Зеланд, Јордан
Група Д: Литванија, Мексико, Црна Гора, Египет
Група Е: Австралија, Јапонија, Германија, Финска
Група Ф: Словенија, Грузија, Венецуела, Зеленортски Острови
Група Г: Шпанија, Бразил, Иран, Брегот на Слоновата Коска
Група Х: Канада, Франција, Летонија, Либан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот