Синдиана Сатнаџело - Фото: Инстаграм

Позната латино актерка пронајдена мртва во својот стан: Со денови не се јавувала на телефон, смртта настапила под сомнителни околности

Синдиана Сатнаџело, која многумина ја нарекуваа латинската Мерилин Монро, е пронајдена во нејзиниот дом во тешка состојба. Во понеделникот попладне била побарана итна медицинска помош, а известена е и полиција. Актерката брзо била пренесена во болница, каде лекарите можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пишува „Њујорк пост“.

Според пишувањата на странските медиуми, замениците на шерифот на округот Лос Анџелес отишле во болница и дознале дека Синдиана неодамна примила инјекции за убавина во својот дом. Извор од „ТМЗ“ (TZM) известува дека Одделот за убиства на LASD сега ги истражува околностите на нејзината смрт. Детективите ги чекаат резултатите од обдукцијата, а причината за смртта сѐ уште не е утврдена.

Синдијана стана популарна уште во 1989 година кога играше во безвременскиот хит на Young MC „Bust a Move“… Во видеото таа носеше шорцеви со знак „стоп“. На големото платно Синдиана се појави во „Homicide“ со Харисон Форд. Учествувала и во голем број музички спотови.

Таа глумеше во продукциите: „Married With Children“ како Сиера Мадре, беше танчерка во „The Jiggli Room“, а забележителни беа и нејзините ТВ настапи во „CSI: Miami“ и „ER“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот