Познат лекар на „Си-ен-ен“ поттикна бурни шпекулации во врска со дијагнозата на Кејт Мидлтон: Нема медицинска смисла

Кејт Мидлтон / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Светот во петокот беше шокиран од веста дека принцезата од Велс боледува од рак и моментално прима хемотерапија по абдоминалната операција во февруари.

Портпаролот на Кејт Мидлтон изјави дека нема да бидат објавени детали за нејзиното лекување, ниту информации за точниот тип на рак.

Сепак, угледниот американски лекар д-р Џонатан Рајнер, професор по медицина на Универзитетот Џорџ Вашингтон, гостувајќи во емисијата Андерсон Купер на „Си-ен-ен“, рече дека една објавена работа „нема медицинска смисла“.

Д-р Рајнер смета дека изјавата дека ракот на Кејт Мидлтон е откриен дури по голема операција на абдоменот нема никаква смисла од медицинска гледна точка.

– Кога луѓето се подложени на обемна операција, тие обично повеќе не одат на „истражувачка операција“, бидејќи на сите операции им претходат детални анализи, како и КАТ скенови и магнетна резонанца. За хируршкиот тим да има добар вовед во проблемот, тоа би го потврдила патологијата, рече докторот.

– Значи, парче ткиво се отстранува и директно се испраќа во патолошката лабораторија, често за време на самата операција, па понекогаш резултатите, без разлика дали нешто е канцерогено или не, го диктираат понатамошниот тек на операцијата. Значи, голема е веројатноста дека хируршкиот тим знаел за што се работи пред операцијата, а тоа било потврдено и при патолошкото тестирање за време на операцијата.

Принцезата од Велс во петокот вечерта, по повеќемесечно отсуство, објави дека боледува од малигна болест.

„Имав голема операција на абдоменот во Лондон во јануари, и во тоа време се мислеше дека мојата состојба не е канцерогена. Операцијата била успешна, меѓутоа, тестовите по операцијата покажале присуство на рак. Мојот медицински тим тогаш ме советуваше да поминам третмани на превентивна хемотерапија и сега сум во рана фаза на тој третман“, изјави Кејт Мидлтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот