Пожарот на Ситонија ставен под контрола, се претпоставува дека е подметнат

Ставен под контрола шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики Противпожарната служба на Грција го стави под контрола шумскиот пожар што изби во централниот дел на Ситониа, на вториот крак на Халкидики, jави дописничката на МИА од Атина.

Во справувањето со огнените јазици учествуваа 23 пожарникари со 11 возила и два авиони. Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос”, вели дека во исто време на мала оддалеченост избиле два пожари и изразува сомнеж дека пожарот е подметнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот