Фото: Скриншот

Пожарот кај Кочани почна да ги голта куќите, гори и куќата на градоначалникот

Стравотна глетка од пожарот што ја зафати околината на Кочани споделуваат граѓаните на Фејсбук (видео).

Пламените јазиции стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.

Станува збор за два пожара во ридско-планинското подрачје кои попладнево избувнаа околу Кочани и кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Како што изјави директорот на РЦУК, Стојанче Ангелов, во моментов во земјава се активни 13 пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот