Фото: Слободен печат / Агнеса Чаволи

Пожарот кај црквата „Св. Спас“ е под контрола

Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.

-Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиемна фаза .пламените јазициу беа излезени надвор од кровната конструклција и од габаритите на самиот објект, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.

Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и пожарот го гаснеле 20 пожарникари.

-Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.

Причините за пожарот, вели тој, полицијата треба дополнително да ги утврди.

Според неофицијални информации, во напуштената куќа која изгоре често се собирале бездомни луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот