Пожар во нуклеарна електрана во Јапонија

Фото: Јутјуб/принтскрин

Во нуклеарната електрана Шига во Јапонија избил пожар откако се случи разорниот земјотрес, јавуваат јапонските медиуми. Пожарот избил во близина на трансформаторот и тој е изгасен, соопштија надлежните не наведувајќи податоци за штетите и евентуалните последици. Најсилниот земјотрес во Јапонија беше со јачина од 7.5 степени по Рихтер а пред него имаше потрес од 5.6 степени, а после тоа повеќе од 40 потреси.

За бројни реони има предупредување за цунами и во тек е евакуација на одредени региони.

Голем е бројот на повредени, а последните податоци се дека шест лица останале под урнатините на зградите кои во земјотресот се срушиле.

Уништени се патишта, што дополнително ги отежнува напорите на спасувачките екипи. Јапонската управа за нуклеарна регулација соопшти дека немало проблеми со реакторите во било која нуклеарна електрана во подрачјата на разорните земјотреси.

Извор Еспресо.рс

Повеќе од 32.500 домови без струја по силниот земјотрес во Јапонија, опасност од цунами и во Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот