Пожар во мигрантскиот камп на островот Самос, мигрантите евакуирани

Мигрантските кампови во Грција/ Фото EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

Мигрантскиот камп на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар.

Нема повредени или поголема материјална штета во пожарот во кампот, кој наскоро ќе биде затворен.

Властите соопштија дека пожарот избувнал во напуштени згради во кампот и дека сега е ставен под контрола, пренесува АП.

Околу 550 мигранти беа евакуирани во близина на влезот во кампот.

Трансферот на мигрантите од кампот во новиот објект вреден 43 милиони евра ќе започне денеска, а се планира да заврши во среда.

Досега се сместени 7.500 мигранти во постојниот камп, каде тие живеат во тешки услови, што грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис го призна во саботата, отворајќи нов центар за прием.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот