Повик за идни корисници на националната веб-платформа за образование
Сите заинтересирани наставници, воспитувачи и родители од денеска можат да се пријават како идни корисници на националната веб-платформа за образование.
СмартАп – Лабораторија за социјални иновации креира база на идни корисници на националната веб платформа за образование, наменета за воспитувачи, одделенски наставници и родители, како и сите кои работат со деца од 3 до 10 години!
Сите заинтересирани можат да го пополнат следниот формулар со што ќе бидат додадени во #Inno4Edu базата на заинтересирани идни корисници и ќе добиваат информации за сите можности за идно вклучување.
Националната веб платформа за образование, која ќе биде наскоро лансирана од Бирото за развој на образованието, ќе има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација.
Платформата ќе биде место каде одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање на нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата од 3 до 10 години.
Вклучете се и придонесете во процесот на креирање на подобро образование за новите генерации со пополнување на формуларот.
#Inno4Edu е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на обрзование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, во склоп на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“.