Повеќе од една година никој во Брисел не ја спомнува Македонија за членство во ЕУ, вели Османи
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, во гостување на телевизијата „21“ зборуваше за европската перспектива на Македонија, меѓу другото наведувајќи дека повеќе од една година државата воопшто не се споменува во Брисел кога станува збор за членство во Европската Унија.
Препорачано
„Томас Вајц беше најгласниот поддржувач. Но, денес тој излегува со став дека Северна Македонија во изминатата година не направила никакви реформи – нула реформи – и дека оваа генерација ја губи шансата. Тој јавно изјавува вакво нешто, човек кој беше најголем поддржувач и кој дури влегуваше во конфликти со бугарските пратеници кога стануваше збор за Северна Македонија, сега вели дека во оваа геополитичка ситуација постои историска шанса која земјата ја пропушта, и дека не се направени никакви реформи. Тоа остава сериозен впечаток“, рече Османи.
Тој додаде дека, според информациите што ги има од Брисел, на состаноците за земјите кандидатки редовно се даваат оценки за напредокот.
„За секоја држава има оценки, позитивни или негативни. За Црна Гора веќе започнала подготовка на договорот за членство и се споменува 2028 како можност. За Албанија се посочува 2030 година. За Босна и Херцеговина има одредени критики. Но, Северна Македонија повеќе воопшто не се споменува. Веќе повеќе од една година е оставена на страна“, изјави Османи.
Мицкоски вели дека извештајот на Вајц е спротивен на неговите критики околу реформите


