Настап на КЕМ / Фотографија: Наташа Величковска

Повеќе од две илјади посетители присуствуваа на јубилејното издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ во МКЦ

Младинскиот културен центар успешно го заврши јубилејното 15-то издание на фестивалот „Здраво млади“, одржано на 10 и 11 октомври 2025 година во МКЦ, два дена исполнети со музика, енергија и многубројна публика.

Јубилејното издание, исполнето со свежа енергија и богата програма, собра повеќе од 2.000 посетители, кои во текот на двата дена уживаа во концертите, диџеј сетовите и настапите на бројни домашни и регионални изведувачи.

Бината во салата „25 Мај“ (Денсинг сала), оваа година ја отворија „The Pot“, едни од победниците на натпреварот за млади музичари „Imagine Macedonia“, во организација на Музичката младина на Македонија. Нивниот настап означи почеток на фестивалот кој уште еднаш потврди дека „Здраво млади“ е централна платформа за промоција на нови музички правци и артисти.

Најпосетениот стејџ – платото на МКЦ – беше вистинско музичко собиралиште, каде диџеј Фиц и Мартин Георгиевски алијас „Amplidyne effect“ приредија неверојатен шест часовен диџеј сет, кој ја одржа еуфоријата до самиот крај на фестивалот.

Со настапите на „Репетитор“, Ахмед Факрун, „Педро Хоризонте“, „Ки Клоп“, „Преку ред“, како и со специјалната програма на фестивалот во соработка со фестивалот „Прво па женско“ на специјалната бина на која натапија „Pocket palma“, „Gillespie“, „Suze od luka“, „Lelee“, диџејката Katerinha и младиот скопски бенд КЕМ, „Здраво млади“ уште еднаш го потврди својот статус како најзначајна платформа за независна и современа музика во државата и пошироко.

Фестивалот „Здраво млади“ е поддржан од Министерството за култура и туризам, Град Скопје, мрежата „Liveurope“ и „Тиииит.инк“, а влезот беше слободен.

МКЦ упатува голема благодарност до сите посетители, изведувачи и соработници кои придонесоа 15-тото јубилејно издание да биде одбележано со рекордна посетеност, силна енергија и дух што го прави „Здраво млади“ повеќе од фестивал – вистински фестивалски празник на младата музичка сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот