Повеќе од 6.000 екстремисти на Боко Харам во Нигерија се предадоа

 Околу 6.000 припадници на Боко Харам се предадоа во Нигерија во последните неколку недели, соопшти нигериската армија.

Масовното дезертерство следеше по информацијата за смртта на лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау. Оваа информација тогаш ја објави лидерот на отцепената фракција ISWAP, велејќи дека Шекау се самоубил за време на борбата меѓу двете групи, активирајќи експлозив.

Војната меѓу екстремистите и нигериската војска трае од 2009 година, а тензиите се проширија и во соседните држави Камерун, Нигер и Чад.

Во конфликтот загинаа десетици илјади луѓе, а повеќе од 2,3 милиони беа раселени

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот