Потврдена за безбедна и ефикасна: Советодавниот одбор на ФДА ја одобри вакцината на „Модерна“

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот што ја разви компанијата „Модерна” со седиште во Масачусетс

Одобрувањето на вакцината мина со 20 гласа „за“ и еден „воздржан“ и доаѓа по една недела откако истото тело даде согласност за заедничкиот анти-ковид производ на компаниите „Фајзер” и „БајонТек”.

Како што пренесува „Глас на Америка“, од ФДА се очекува да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна”, по што ќе започне нејзината дистрибуција.

Американскиот министер за здравство Алекс Азар за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка.

Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна” за безбедноста и ефикасноста на вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот