Потресно сведоштво: На Витомир му падна авион во дворот – се трага по пилотите, надлежните молчат (ВИДЕО)

Фото: ТANJUG/ZVORNIKDANAS

На местото на кое утрово се урна авион на Војската на Србија, во село Брасина, меѓу Мали Зворник и Бања Ковиљача, се наоѓаат противопожарна и полициска екипа.

Местото на падот на авионот го надлетуваат и воени и полициски хеликотери, а станува збор за непристапен, шумовит терен, објавува Б92.

Според првичните неофицијални информации од местото на настанот, од двата пилоти еден се катапултирал и за него се трага, додека медиумите наведуваат дека другиот настрадал. Сепак, РТС пренесува неофицијална информација дека ниту еден пилот не успеал да се катапултира. „Новости“ објавуваат дека покрај целосно уништеното летало пронајдени се и делови од тела.

Засега нема официјални информации за состојбата на дата пилоти кои се наоѓале во авионот кој се урна.

РТС јавува дека во болница е примено едно лице веднаш по несреќата. Станува збор за машко лице, родено 1961 година со изгореници на градниот кош, главата и рацете. Освен тоа нема други повреди и е во свесна состојба.

Лицето В. Т. од селото Брасина, во чиј двор се урнал авионот МИГ 21 на српската армија утрово околу 9 часот, за време на несреќата бил во дворот и се здобил со повреди, јавуваат медиумите.

„Витомир беше во неговиот двор кога се урна авионот! Во тој момент се здоби со изгореници, а излезе и друг сосед кој слушнал врева и видел густ чад. Веднаш го пренесе во локалната болница и засега не е познато дали неговиот живот е во опасност“, вели очевидец на оваа голема катастрофа.

Локалното население,  не памети ваква трагедија.

„Видовме густ чад, сите излеговме пред куќите и не можеме да веруваме во она што го гледаме! Авионот се сруши, сè уште не знаеме дали има преживеани, наводно пилотот е починат, а друг пилот скокнал од авионот и во моментов го бараат“, додаваат мештаните.

РТС наведе дека Војската им наложила на новинарите да се оддалечат од местото на несреќата, и дури им рекле и да не известуваат за тоа.

Во меѓувреме се огласи Министерството за надворешни работи кое соопшти дека авионот кој денеска се урнал, пред полетувањето бил прегледан темелно и констатирано е дека е во исправна состојба.

На местото на падот на Миг-21 во село Брасина кај Мали Зворник, се наоѓа министерот за одбра на Александар Вулин, началникот на Генералштабот Милан Мојсиловиќ и командантот на военото воздухопловство и ПВО генерал – мајор Душко Жарковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот