Потрага на грчката полиција по лицата кои го извршија убиството во Ханиоти

Фото: Принтскрин од СКАИ.гр

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган врзнеколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, и двајцата македонски државјани, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јавува МИА од Атина.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Северна Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, полицијата пронашла  19 чаури, еден куршум и шаржер.

Македонски државјанин почина на Халкидики откако го застрелале, друг се бори за живот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот