Македонски државјанин почина на Халкидики откако го застрелале, друг се бори за живот

Триесет и деветгодишен скопјанец починал на Халкидики откако ноќеска бил застрелан, пренесуваат грчките медиуми. Мажот имал 39 години. Освен во него, во исто време пукано било и во 45-годишен скопјанец кој се бори за живот во болницата Полигирос. Нему му биле нанесени прострелни рани.

Според она што го пренесуваат медиумите во Грција, непознати лица влегле во апартманот во Ханиоти во кој престојувале Македонците, и пукале во нив. Мотивите засега се непознати, а полицијата го истражува случајот.

Според сведоци, некој со мотор се приближил до апартманот каде престојувале македонските државјани и пукал во нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот