• застрелани

Тројца повредени во пукање на карневал во Ротердам

Три лица, меѓу кои и напаѓачот, се повредени во Ротердам при пукање што се случи синоќа за време на летниот карневал во тој пристанишен град, соопшти локалната полиција. Полицијата го застрела напаѓачот. И тој и двете жртви се пренесени во болница, а нивната состојба засега не е позната.