Тројца холандски командоси ранети во пукање пред хотел во САД

Полициска лента во САД/Фото Архива на Слободен Печат

Тројца холандски командоси на вежби во САД се ранети во престрелка пред нивниот хотел во Индијанаполис, соопшти холандското Министерство за одбрана.

„Еден од командосите е во критична состојба”, се вели во соопштението, во кое се додава дека локалната полиција го истражува инцидентот и дека нема уапсени.

Полицијата во Индијанаполис соопшти дека пукањето се случило околу 3:30 часот по средноевропско време, а ранетите командоси биле пренесени во локалните болници.

Според полицијата, дошло до судир меѓу војниците и локалните жители, што предизвикало пукање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот