Драма во Германија: Убиени двајца полицајци, напаѓачот во бегство

Германија полицаец фото: ЕПА-ЕФЕ

Двајца полицајци се убиени од огнено оружје за време на сообраќајна контрола во западна Германија денеска во раните утрински часови, соопшти локалната полиција.

Полицајците од полициската управа во малиот град Кусел биле во рутинска патрола, соопшти полицијата во блискиот град Кајзерслаутерн.

Истрелите биле испукани за време на сообраќајна контрола на обласниот пат број 22 во селото Улмет околу 4:20 часот по локално време.

Полицајците можеле сами да испратат радио порака, изјави полицискиот портпарол. Кога на местото на настанот пристигнало засилување, било предоцна за 24-годишната полицајка и нејзиниот 29-годишен колега.

Полицијата соопшти дека потрагата по сторителите е во тек. Обезбедени се докази на местото на злосторството.

Опис на сторителите или возилото за бегство не е достапен, а не е јасно ниту во која насока избегале.

Окружниот пат 22 е целосно затворен во близина на Мајвајлерхоф и Улмет. Полицијата ги замолува жителите да не земаат автостопери во областа Кусел. Најмалку еден осомничен е вооружен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот