Потера по маж во Мемфис осомничен за убиство на четири жени

Полициска патрола во Мемфис - Фотографија ЕПА, Танен Мори

Американската полиција трага по напаѓач по серијата престрелки во Мемфис во сојузната држава Тенеси, во кои вчера се убиени четири жени, а една е во критична состојба.

– Реагирајќи на информација за пукање на „Хауард Драјв“ беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со две други престрелки и дека и во нив е вклучен истиот осомничен. Во трите одвоени престрелки убиени се четири жени – соопшти полициската управа во Мемфис.

Полицијата за убиствата го сомничи 52-годишниот Мејвис Кристијан Џуниор, и ги повика граѓаните да пријават ако го видат него или неговото возило „шевролет малибу“.

Престрелките се истражуваат како „семејно насилство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот