Постојано ги миете рацете и кожата ви е премногу сува? Дерматолог открива генијален трик

unsplash

Не ви треба претопла вода за миење на рацете, млака и топла вода ќе ви обезбеди сосема задоволителен хигиенски ефект.

Иако моментално ракувањето ни е „забрането“, тоа не значи дека нашите раце не треба да изгледаат уредно и негувани. Но, како да се обезбеди соодветна нега на кожата на рацете?

За миење на рацете, сега и од епидемиолошки причини, треба да го правиме тоа почесто, треба да се користат оние производи што го зачувуваат хидролипидниот слој на кожата, како што се синдит, креми и гелови за миење. Сите детергенти содржат површински активни материи, кои ги отстрануваат нечистотиите, ја разложуваат маснотијата, но важно е да не се агресивни, да не ја нарушуваат хидролипидната бариера и да не предизвикуваат сувост и иритација на кожата на рацете. Ова е особено луѓе со чувствителна кожа и кожа склона на дерматитис. Без оглед на епидемиолошката состојба, средствата за миење на раце не треба да создржат дезинфициенс. Практичен трик е да ги миете рацете со средства за туширање наменети за сува и чувствителна кожа, кои доаѓаат во големи пакувања со дозер на стискање – тие ќе ви траат долго, а вашите раце ќе бидат чисти и негувани, и ќе ви заштеди време и пари“, објаснува д-р Јелена Мештровиќ Штефеков специјалист за дерматовенерологија во Хрватска.

unsplash

Штефеков вели дека помеѓу миење раце и средства за дезинфекција, секогаш кога сте во можност, треба да изберете миење раце. Водата да не биде ниту студена, ниту премногу топла. Откако ќе ги измете рацете, избришете ги добро, не ги оставајте влажни и, доколку е можно, ставете хидратантна крема. 

Ова се некои најчести грешки при миење раце:

Не ги миете доволно

Во еден ден, допирате толку многу работи што можат да ви пренесат секаква болест, па и коронавирус. Откако микробите ќе дојдат во контакт со вашите прсти, тие лесно се пренесуваат на лицето и телото со допир. Миењето на рацете е најдобриот начин да се заштитите, правете го тоа често!

Не користите доволно сапун

Натопете ги рацете со вода и ставете доволно сапун на нив во големина на една монета, тоа е сосема доволна количина за детално да ги измиете рацете.

Profimedia
Profimedia

Не ги мијте само дланките

Не заборавајте на темелното чистење, особено површината под ноктите и делот помеѓу прстите. Исто така се препорачува да ги скратите ноктите, за вирусите да немаат доволно „простор за живеење“.

Не ги миете доволно долго

Рацете треба да се мијат околу 20 секунди за да се ослободите од вируси и бактерии. Дали знаете дека песната „Среќен роденден“ трае исто толку долго? Па, можете да си ја пеете додека си ги миете рацете. Во текот на пандемијата, луѓето станаа покреативни во смислувањето песни што ќе им го „скратат“ времето додека ги мијат рацете, затоа слободно одберете си своја мелодија…

По добро и правилно миење на рацете, тие мора добро да се исплакнат под млаз чиста вода, со цел да се отстранат сите нечистотии од кожата. Ако не го измиете добро сапунот, може да предизвика и несакани дејства, како што е иритација на кожата.

Прескокнувате да ги исушите рацете

Вирусите полесно ќе се пренесат на влажни раце, затоа одвојте време доволно да ги исушите. Избришете ги со сува и чиста хартија или чиста крпа, доколку сте на јавно место, задолжително користете хартија или електричен фен за сушење раце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот