Постои научно објаснување зошто луѓето ги изневеруваат личностите кои ги сакаат

инстаграм

Кога ќе слушнете дека некој го изневерил својот партнер, во вас сигурно веднаш се јавува чувство на осуда и презир.

Сепак, како што тврди антропологот Хелен Фишер, не е се така едноставно. Нејзиниот тим и таа спровеле истражување за видовите на љубов и за тоа какво влијание на личноста има нејзиниот партнер за кој тврди дека го сака. Тие следеле кои делови на мозокот се активираат кога на лицата им се покажуваат некои неутрални слики и кои делови на мозокот се активираат кога ќе им се покаже фотографија од личноста која ја сакаат. Ова истражување покажало дека кога на личноста ќе и покажете фотографија од саканата личност во мозокот се активира центарот за награда кој се активира и при доживување на оргазмот и употребата на опојни дроги.

Но, главниот заклучок до кој Фишер дошла е тоа дека не постои само еден вид на љубов, туку три: романтична, сексуална и поврзувачка. Романтичната љубов е таа која не наведува целата енергија да ја насочиме кон едно лице, сексуалната она која одредува колку често одредено лице сака да води љубов, а поврзувачка е онаа при која чувствуваме доволно сигурност за со таа личноста да сакаме да имаме деца и заеднички живот.

Како што објасни Фишер, сите луѓе се способни да сакаат повеќе лица одеднаш на различен начин, па дури и кога некоја личност само со својот партнер сака да има семејство, не значи дека во таа личност не може да се јави сексуална љубов кон друго лице.

Нормално, ова не значи дека изневерувањето е оправдано, туку дека тие кои изневеруваат кога изјавуваат дека го сакаат својот партнер ја кажуваат вистина без оглед на тоа што го изневериле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот