Постигнат отштетен договор за блокадата на бродот „Евер Гивен” на Суецкиот канал

Бродот Евер Гивен кој се заглави на Суецкиот канал/Фото: EPA-EFE/SUEZ CANAL AUTHORITY

Сопствениците и агенциите во кои е осигуран гигантскиот товарен брод „Евер Гивен”, што речиси една недела во март го блокираше Суецкиот канал, постигнале принципиелен договор за решавање на спорот со Управата на каналот околу отштетата за блокадата, изјавија претставници на двете страни, без да го наведат решението на спорот.

Централното прашање на спорот е висината на надоместокот што го побара Управата на Суецкиот канал поради шестдневната блокада на преминот во кој бродот беше блокиран и се насука.

Сумата ќе ја опфати операцијата за деблокирање на каналот, односно придвижувањето на бродот „Евер Гивен” и трошоците настанати како резултат на прекинот на сообраќајот во каналот, што вклучува и транзитни такси што го пополнуваат државниот буџет на Египет.

Раководството на Суецкиот канал првично бараше отштета од 916 милиони долари, а подоцна го ублажи барањето на 550 милиони.

Судот во Каиро го одложи почетокот на постапката за недела, 4 јули, бидејќи правниот тим на Управата на Суецкиот канал соопшти дека ја разгледуваат понудата на сопственикот на бродот.

Осомничениот виновник за блокадата, 400-метарскиот брод „Евер Гивен”, што плови под  панамско знаме, а превезува контејнери меѓу Азија и Европа, според одлуката на египетските власти од март се наоѓа „во притвор”, задржан е и усидрен во езерото на средина од каналот,  каде ќе остане се додека не се реши спорот за компензација .

Шестдневната блокада на каналот ја наруши глобалната испорака на стоки. Стотици бродови застанаа се додека не се деблокира каналот, а некои бродови беа принудени да поминат многу подолга рута низ цела Африка, што ги принуди да плаќаат дополнително за гориво и да направат други трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот