Последната понуда на Манчестер јунајтед за Санчо!?

фото: твитер

„Црвените ѓаволи“ не се откажуваат од намерата да го ангажираат англискиот репрезентативец кој моментно ги брани боите на Борусија Дортмунд.

Манчестер јунајтед ќе испрати нова понуда за Џејдон Санчо од 90 милиони фунти, како што информира британскиот „Дејли Мирор“.

Потпретседателот на клубот од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд, ќе ги извести Германците дека нема да преговара повеќе за структурата на плаќањето.

Бундеслигашот мора да одлучи дали ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи нема да има друга до 5 октомври кога ќе се затвори преодниот рок.

Борусија сака 108 милиони фунти и веќе три месеци не се откажува од оваа цена. Од Јунајтед сметаат дека најновата понуда може да се прифати затоа што тие веруваат дека предлогот е доволно дарежлив во контекст на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Санчо има принципиелен договор со Јунајтед за неговите услови и ќе добива околу 175.000 фунти неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот