Поскапува влезот во Зоолошка градина и во Бејби ЗОО, се укинува билетот за Дино парк

Дино парк / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

За влез во Дино парк во иднина нема да се плаќа посебна влезница од 50 денари, туку со купен билет за Зоолошка градина ќе може да се посети и делот со диносауруси, кој од неговото отварање до сега е вистинска атракција за најмладите. За таа цел ќе се зголеми и цената за влез во Градината, па наместо 80 денари како досега, ќе се плаќа 100 денари.

Измени ќе има и во останатите цени, па така наместо 20 денари за посета на Бејби ЗОО, според предложената одлука што денеска ќе се најде на седница на Советот на Град Скопје, влезницата ќе чини 30 денари, а се зголемува и цената на билетот за организирани групни посети за децата од градинките од 40 на 50 денари. Поскапо ќе биде и возењето на ЗОО возот, каде наместо 50 ќе се плаќа 60 денари, освен за дечињата на возраст до една година, за кои ќе биде бесплатно.

Се утврдува и предлага и нова услуга – групна посета од минимум 20 посетители, кои можат да ја посетат Зоолошката градина и Дино паркот по цена за билет од 70 денари по лице – се прецизира во предгогот.

Одлуката, која е донесена од Управниот одбор на Зоолошка градина и за која треба да се изјаснат советниците, како што се вели во образложението, е поради економската и енергетската криза која се одрази на цените на храната за животните и на останатите производи и комунални давачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот