Поскапува екстралесното масло за домаќинствата

Регулаторна комисија за енергетика/Фото: Слободен печат

Екстралесното масло за домаќинствата поскапува за два денара по литар и од вечерва на полноќ ќе чини 75,7 денари, а нема промени на цените на бензините, дизелот и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 81,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 83,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76 денари, а на килограм мазут М-1 НС 41,266 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 проценти во однос на одлуката од 27.минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот