Фото: Фејсбук / Патишта на Србија

Поскапеа патарините низ Србија, еве ги новите цени

Цените на патарините во Србија за автомобилите се зголемени од Нова година, а македонски граѓани кои патуваат за празниците велат дека биле изненадени од поскапувањето, за кое велат дека не било јасно најавено.

Информацијата не била јасно истакната на веб-страницата на ЈКП „Патишта на Србија“, поради што голем број возачи кои тргнале на патување на првите денови од новата година биле изненадени од новите износи, јавуваат српските медиуми.

На официјалната страница е објавен ценовник под наслов „Посебна такса за користење на патарина“, во кој е наведено дека новите цени важат од 1 јануари од 7 часот наутро.

Фото: Патишта на Србија

Патарината за релацијата Врање – Белград за патнички возила сега изнесува 1.850 динари или околу 15 евра во еден правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот