Пошта воведе е-трговија по повод 8 Март

Протест на вработените во Македонска пошта /Фото: Драган Митрески / Слободен Печат.

АД „Пошта на Северна Македонија” викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка за подарок кој ќе се испорачува на саканата адресан за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Како што информираат од АД „Пошта на Северна Македонија”, процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани граѓани за користење на оваа услуга треба да ја посетат официјалната веб страница на Пошта: www.posta.com.mk. Потоа одбираат еден или повеќе од понудените подароци, внесуваат свои, како и контакт-податоци, вклучително и адресата каде сакаат да биде доставен подарокот. Дополнително, постои и можност за пишување на персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.

Наплатата, како што стои во соопштението од Пошта е целосно безбедна, а се одвива преку онлајн системот на деловниот партнер Халкбанк. Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.

Ова е првпат националната Пошта да овозможува ваква опција, а целта и фокусот и во следниот период ќе биде дигитализацијата на целокупниот процес на услуги, каде е-трговијата ќе зазема еден од централните улоги.

– Процесот на подобрување на работењето на Пошта во иднина сè повеќе ќе се заснова на користењето на современи дигитални алатки, како и преку засилена соработка со поштите од регионот, но и преку меѓународната поддршка која како компанија ја очекуваме – велат од АД „Пошта на Северна Македонија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот