Поротник од судењето на Херд и Деп: Нејзиниот плач, изразите на лицето… Ни беше многу непријатно

Амбер Херд и Џони Деп
Фото: EPA

Еден од поротниците на судењето меѓу пораншените сопружници Амбер Херд и Џони Деп откри дека им било непријатно додека актерката сведочела и дека многумина од поротата чувствувале дека нејзините емотивни говори биле полни со „крокодилски солзи“.

Изјавата ја даде еден од петте машки членови на седумчленото жири кое зборуваше анонимно на „Good Morning America“.

„Плачењето, изразите на лицето, зјапањето во жирито… На сите ни беше многу непријатно. Таа ќе одговараше на едно прашање и почнуваше да плаче, а две секунди подоцна ќе станеше сериозна. Некои од нас го користеа терминот „крокодилски солзи“, раскажа поротникот.

Деп изгледал посмирено и поубедливо

„Тој само изгледаше малку пореално во однос на тоа како одговараше на прашањата. Неговата емоционална состојба беше многу стабилна цело време“, објасни поротникот.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO /

Мислат дека Џони и Амбер се злоставувале еден со друг

Поротникот рече дека верува дека парот се малтретирал меѓусебно, но дека Херд немала доволно докази за да ги потврди нејзините наводи за физичко малтретирање.

„Приказните на Амбер не се поклопуваа и повеќето од поротата сметаа дека таа е агресорот“, рече тој, додавајќи дека нејзиниот кредибилитет бил нарушен од откритието дека таа не донирала 7 милиони долари во добротворни цели, како што претходно изјавила.

Амбер Херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Тој исто така забележува дека поротата не можела да ги избегне вестите и објавите на социјалните мрежи за судењето, но дека избегнувале да ги гледаат.

„Ги следевме доказите“, заклучи поротникот.

Повеќе написи на темата:

 

Амбер Херд: Го сакав Џони Деп со целото мое срце

Адвокатите на Деп најавија дека тој можеби нема да бара отштета од Херд: Никогаш не беше за парите

ФОТО | Кој го плаќа? Амбер Херд нема ниту цент, а лета со приватен авион!

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот