Даниел Нобоа, претседател на Еквадор/Фото: BORIS ROMOLEROUX / imago stock&people / Profimedia

Пораз на Нобоа на референдумот за странски бази и за нов Устав на Еквадор

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа го призна поразот на референдумот во неделата, бидејќи гласачите со 60% го отфрлија враќањето на странските воени бази и формирањето на уставотворно собрание за изготвување на нов устав со 61%, според досегашните резултати, пренесува Еуроњуз.

„Ова се резултатите. Се консултиравме со еквадорскиот народ и тие се изјаснија. Го одржавме она што го ветивме: да се консултираме директно со нив. Ја почитуваме волјата на еквадорскиот народ“, рече претседателот Нобоа преку Икс.

Според пребројувањето на Националниот изборен совет (CNE, изборната комисија), 60% од гласачите се спротивставија на укинувањето на забраната за воспоставување странски воени бази на еквадорска територија, а 61% се спротивставија на формирањето на уставотворно собрание за да се изготви нов фундаментален закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот