„Пораснавме заедно, те родив на 20“: Емотивна приказна на Маја Вукичевиќ за синот
Емотивна приказна за синот Горазд објави пејачката Маја Вукичевиќ, која долги години живее во Австралија.
Препорачано
Поводот е роденденот на синот, кој е нејзината најголема среќа и гордост.
„Те родив во пролет, ти славиш роденден на есен. Среќен роденден, синко, те сака мама“, напиша Маја.
Пејачката во една прилика на социјалните мрежи сподели приказна за синот, за кој рече дека го родила млада и дека израснале заедно. Приказната Маја ја сподели кога нејзиниот син Горазд дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, во 2019 година.
„Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение, ти кажав: учи, сине, за себе, не за оценки. Летна времето. Моето прваче, на кое му велев ‘ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш’, денес си дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш: ‘Мамо, ние заедно пораснавме’, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене – да си среќен и да станеш свој човек, мило мое, и запомни: парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам, сине, и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца“, е дел од посветата на Маја за синот.


