Поранешниот сопруг на Шенон Доерти бил итно хоспитализиран откако се предозирал
Ешли Хамилтон, поранешниот сопруг на Шенон Доерти, бил итно хоспитализиран поради предозирање, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Според информациите, 51-годишниот актер бил пронајден без свест на 2 април во изнајмено сместување во Лос Анџелес. Итната медицинска помош реагирала поради компликации поврзани со непозната супстанција, по што веднаш бил пренесен во болница.
Тој сè уште се наоѓа под лекарски надзор, но е во стабилна состојба.
Хамилтон и Доерти се венчаа во октомври 1993 година, по само две недели врска. Во тоа време тој имал 19, а таа 22 години. Нивниот брак траел кратко – само пет месеци, по што се развеле во април 1994 година.
По смртта на Доерти во јули 2024 година, по борба со рак на дојка, Хамилтон јавно ѝ оддаде почит.
„Шенон не беше само моја сопруга, таа беше мој ангел чувар. Иако работите секогаш не излегуваат како што се надеваме, таа беше покрај мене во некои од моите најтешки моменти. Моето восхитување и љубов кон неа траеја многу подолго од нашиот краток брак“, изјави тогаш за американските медиуми.
По разводот, Хамилтон бил во брак и со актерката Енџи Еверхарт, со која се венчал во 1996 година, но и тој брак завршил по неколку месеци.
Во 2016 година добил ќерка со партнерката Рене Каралијан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


