Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со нова девојка: Мустафа Сандал објави фотографија со 20 години помладата Мелис

Instagram
Instagram

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, турската ѕвезда Мустафа Сандал, веќе некое време ужива во врска со Мелис Сутсуруп.

Iако повторно ја пронајде својата нова љубов веднаш по разводот со Емина, Мустафа дури сега сподели фотографијата со својата нова избраничка на својот инстаграм – профил.

Instagram
Instagram

Двајцата првпат беа видено заедно во мај 2019 година, а оттогаш турската јавност постојано зборува дека Мустафа е повторно вљубен.

Според тамошните медиуми, Мелис е 20 години помлада од Мустафа, а по професија е претприемач.

Таа има син од претходниот брак, додека Сандал од бракот со Емина Јаховиќ има двајца наследници – Јаман и Јавуз.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот