Поранешниот министер Чулев е позитивен на ковид-19

Фото: МИА

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук напиша дека е позитивен на коронавирусот.

„За жал, и покрај сериозната претпазливост, не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето“, напиша тој на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот