Поранешниот крал на Шпанија дојде на погребот на кралицата и покрај молбите да не присуствува

хуан карлос
Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос I со сопругата Софија денеска пристигна на погребот на кралицата Елизабета / Фото: Twitter

Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос I со сопругата Софија денеска пристигна на погребот на кралицата Елизабета.

Хуан Карлос, кој е во егзил во Обединетите Арапски Емирати од август поради неколку истраги против него, дојде во Вестминстерската опатија и покрај молбите да го прескокне погребот на кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MonarquíasToday (@monarquiastoday)

„Дејли мејл“ пишува дека поранешниот крал бил замолен од шпанскиот премиер Педро Санчез да не присуствува на денешниот државен погреб. Сепак, Хуан Карлос утрово беше виден со светските лидери и членовите на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanitatis (@vanitatis)

Абдицираше во 2014 година

Да потсетиме, Хуан Карлос абдицираше во 2014 година откако беа откриени финансиски неправилности во неговите односи со Саудиска Арабија. Потоа на тронот седна неговиот син Фелипе.

Тој веќе некое време се подготвува за сослушување во Високиот суд во Лондон, каде што го тужи неговата поранешна љубовница, германско-данската аристократка Корина цу Сајн-Витгенштајн-Сајн, која тврди дека ја заплашувал и ѝ се заканувал во надеж дека ќе ја убеди да го врати „подарокот“ вреден 50 милиони фунти.

Кралот Хуан Карлос дојде на тронот по смртта на шпанскиот диктатор Франциско Франко во 1975 година и со своите политички активности придонесе за непречена транзиција на земјата кон демократија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HistoryQueen (@queen.ysabel)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот