Фото: Профимедиа

Поранешниот хрватски премиер Санадер, осуден за корупција, е пуштен на условна слобода

Со одлука на Окружниот суд во Сисак, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно ослободен, а одлуката е донесена на денешната седница на советот, јави „Н1 Хрватска“.

Поради неколку кривични дела поврзани со корупција, Санадер е осуден на единствена казна од 18 години затвор, а додека ја издржувал казната ги користел бенефициите пропишани со Законот за извршување на затворски казни.

Денеска се одржа рочиште на кое беше одлучено дека Санадер ги исполнува условите за предвремено ослободување од затвор.

Санадер е осуден на седум години затвор за повлекување пари од јавни претпријатија во црниот фонд на ХДЗ и нерегистрирани донации, за примање 17,5 милиони куни од Стјепан Фиолиќ е осуден на шест години, а за примање поткуп од 10 милиони евра за предавање на управувачките права од рафинеријата „Ина“ на унгарска нафтена компанија е осуден на шест години затвор.

Досега, поранешниот премиер на Хрватска поминал околу седум и пол години зад решетки, во притвор или под пресуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот