Легендарната менекенка Кристи Бринкли откри дека ѝ дијагностицирале рак на кожата

Фото: Instagram / christiebrinkley

Поранешната американска манекенка Кристи Бринкли (70) откри дека ѝе дијагностициран рак на кожата. Таа ја сподели веста на Инстаграм и рече дека била оперирана откако лекарите откриле дека има „базоцелуларен карцином“. Манекенката сподели и неколку фотографии направени по процедурата.

Фото: Instagram / christiebrinkley

„Добрата вест е дека рано го открије карцином на базалните клетки. И имав одлични лекари кои го отстранија и ме сошија до совршенство, како високата мода ‘Диор’“, напиша таа во својата објава.

Таа додаде дека добрата вест за сите останати е што може да се избегне со користење на крема за сончање. Таа, исто така, ги советуваше следбениците редовно да одат на прегледи.

Фото: Instagram / christiebrinkley

„Имав среќа што го пронајдоа бидејќи придружував една од моите ќерки на нејзините редовни тестови. Докторот ја гледаше секоја пега преку лупа. Тоа не беше мој термин за преглед, па не сакав да кажам ништо, но на самиот крај го прашав дали може да ја погледне малата точка што можев да ја почувствувам кога ја нанесував мојата шминка. Ја погледна и веднаш знаеше дека треба да одам на биопсија“, додала манекенката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот