Данската кралица Маргарета/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Поранешната данска кралица Маргрета е во болница, имала срцев удар

Поранешната данска кралица Маргрета Втора е примена во болница во Копенхаген откако доживеала срцев удар, објави „Анадолија“, повикувајќи се на соопштение од данското кралско семејство.

Од кралскиот двор соопштија дека 86-годишната поранешна кралица ќе остане под медицински надзор во болницата „Ригшоспиталет“ во текот на викендот, каде што ќе бидат направени дополнителни прегледи.

Во соопштението се наведува дека таа е „уморна, но во добро расположение“.

Маргрета абдицираше во 2024 година по повеќе од пет децении на престолот, а круната ја презеде нејзиниот син, кралот Фредерик X. Последниве години таа имаше повеќе здравствени проблеми, вклучувајќи операција на грбот и неколкупати беше примена во болница.

САД и Данска преговараат за нови воени бази на Гренланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот