Поранешната Бонд девојка на 72 години открива: Сексот никогаш не ми бил подобар и постраствен!

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Поранешната Бонд девојка, Џејн Сејмур (72) е доказ дека годините се само бројка. Тоа најдобро го потврдува нејзината неодамнешна статија објавена во „Космополитан“, со наслов „Секс по 60-тите“, во која таа наведува дека никогаш немала подобар сексуален живот од сега, со своето момче Џон Замбети.

„Сексот сега е подобар и постраствен од сè што сум доживеала, бидејќи е изграден на доверба, љубов и искуство. Сега се познавам себеси и моето тело, а Џон имаше свои искуства – за да не е како кога бевме помлади“, пишува таа во својот есеј.

„Претпоставувам дека помладите генерации денес прво имаат секс, а потоа велат: ‘Ох, патем, здраво, како си?’. Колку повеќе стареам, толку повеќе сексот се заснова на емоционална интимност, на споделување на животните подеми и падови со некого – нашите чувства, радости, таги, заеднички страсти и желби“, додава таа.

Сејмур, која се прослави глумејќи ја Бонд девојка во „Живеј и остави ги другите да умрат“ од 1973 година, исто така ја отфрли теоријата дека сексуалниот живот завршува како што старееме.

„Вашиот сексуален живот не мора да заврши на 60 години. На крајот на денот, секој бара нешто што ќе им зоврие крвта во одреден дел од телото. Кога ќе го сфатите тоа, ќе бидете среќни и задоволни“, таа напиша.

Таа се пошегува и дека „бонусот“ од сексот на постара возраст е тоа што не можеш да забремениш.

„Навистина чувствувам дека сексот и интимноста на мои години се подобри од кога било досега. Јас всушност стојам зад тоа. Морав да бидам сама по неуспешните бракови за да научам како да не се изгубам и да се реализирам во таа сексуална и романтична смисла“, изјавила актерката.

Инаку, Сејмур р мајка на четири деца и се омажила четири пати. Актерката беше со Мајкл Атенборо меѓу 1971 и 1973 година, потоа Џефри Планер од 1977 до 1978 година, Дејвид Флин помеѓу 1981 и 1992 година и Џејмс Кич од 1993 до 2015 година. Таа ги има своите деца Кетрин и Шон со Флин, а близнаците Кристофер и Џон со Кич.

Сејмур јавно откри дека е во врска со Замбети во октомври 2023 година, откако на Инстаграм сподели фотографија на која се бакнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот