Клиничка болница Битола / Фото Слободен печат / Васка М.Младеновска

Поранешна директорка од Битола доби уште една кривична пријава

Поранешна директорка на битолската клиничка болница доби уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања. Покрај неа, овојпат кривична доби и поранешна раководителка, со која заедно незаконски исплаќале прекувремени работни часови на 12 вработени доктори и го оштетиле буџетот за половина милион денари.

„Првопријавената Е.И.(53), во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената М.А.Н. (61), во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, ги пречекориле границите на своите овластувања со намера за себе и за друг да прибават противправна имотна корист. Во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишале листи за исплата на прекувремени часови работа на 12 вработени доктори од Одделот за интерни болести за извршени прегледи и визита на пациенти од Одделението за урологија и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, спротивно на одлука на управниот одбор“, соопшти МВР.

На тој начин пријавените овозможиле неоснована исплата на надоместок за прекувремени часови работа во износ од 494.933 денари и го оштетиле буџетот на државата.

Истата поранешна директорка пред два месеци доби кривична пријава за вработување на 11 луѓе без соодветно образование.

Кривична пријава против ексдиректорката на Клиничка болница Битола, вработила 11 луѓе без соодветно образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот