Поранешен играч на Челси: Премиер лигата е здодевна, идејата за Суперлига треба да се врати
Екс фудбалерот на Челси и сегашен стручен коментатор на „ТокСПОРТ“, Џејсон Канди, повторно ја покрена темата за Европската Суперлига, инспирирана од драматичното полуфинале помеѓу Барселона и Интер, кое заврши 3:3.
Препорачано
Според него, Премиер лигата повеќе не нуди потребен квалитет и интрига, а решението може да биде оживување на идејата за натпреварување само помеѓу најдобрите тимови на континентот.
– Премиер лигата мора да биде многу, многу внимателна, го кажав тоа одамна. Сега е малку здодевна, не е ништо посебно. Почнувам да се прашувам дали сме на прагот на момент кога разговорот за Суперлигата ќе станува сè поинтензивен. По ваков меч, тој разговор повеќе не може да се игнорира – рече Канди.
Канди нагласи дека сака да ги гледа најсилните натпревари секоја недела:
– Дајте ми го најдоброто од најдобрите – секој ден, наместо да го гледам натпреварот Ливерпул – Брајтон. Отворен сум за идејата за Суперлига. И за разговор. Не можете да го запрете напредокот. Суперлигата ќе се случи. Прашањето е кога – вели Канди.
Иако почетниот проект за Суперлига наиде на жесток отпор од навивачите, клубовите и фудбалските институции, тимови како Реал Мадрид и Барселона продолжуваат да се залагаат за ново натпреварување кое би гарантирало постојани пресметки на највисоко ниво и поголеми приходи.


