Фото: Vladica Brdarovski Brda/FB

Поранешен фудбалер на Вардар подарува 250 билети за натпреварот со Црвена звезда

Поранешниот фудбалер на Вардар, Владица Брдаровски се одлучи на еден убав гест и пред денешниот натпревар против Црвена звезда подарува 250 билети.

Брдаровски на двапати во кариерата го носеше дресот на Вардар прво од 2015 до 2020, а потоа и од 2023 година до минатата полусезона.

На социјалните мрежи Брдаровски информираше дека билетите ќе бидат оставени во кафе барот „Паладиум“ и секој кој ќе сака ќе може да си подигне влезница од таму.

Ќе потсетиме, натпреварот помеѓу Вардар и Звезда има хуманитарен карактер и сите средства ќе се донираат на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот