Поради заразени играчи, УЕФА ја исфрли Дрита на Нухиу од ЛШ!

фото: фејсбук/drita fc

Вчерашното финале на претквалификацискиот турнир не беше одиграни, бидејќи двајца играчи на косовскиот фудбалски клуб Дрита беа позитивни на коронавирус, а швајцарските власти наредија целиот тим да биде ставен во карантин.

Шампионот на Косово на чија клупа е македонскиот тренер Ардиан Нухиу и официјално остана без пласман во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Исто така во Дрита настапуваат и четири наши интернационалци, Ардиан Цуцули, Изаир Емини, Буњамин Шабани и Дарко Тофилоски.

Клубот соопшти дека УЕФА одлучи Линфилд од Северна Ирска да оствари победа со службен резултат 3:0.

Во Правилникот за натпреварите во УЕФА се вели дека „во случај на позитивен тест на Ковид-19 од повеќе од еден играч или службеник, натпреварот ќе се игра според планот, доколку надлежните институции не решат да го стават во карантин целиот тим“.

Истиот напис понатаму наведува дека „доколку натпреварот не може да се одложи … тимот што не може да игра ќе биде одговорен за неиграње и ќе го загуби натпреварот со резултат 3:0“. Во следното коло Линфилд ќе игра со Легија Варшава од Полска.

Од Дрита наведуваат дека се лути и длабоко разочарани од одлуката на УЕФА и дека ќе побараат заштита по правен пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот