Поради зафати во дистрибутивната електро мрежа: Повеќе скопски општини утре и задутре без струја

Архива на СП

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без струја утре и задутре ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Карпош.

Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 9 до 11 часот ќе бидат потрошувачите од улиците бр. 9 и 10 во село Идризово, во општина Гази Баба, од 9 до 14:30 часот, корисниците од дел од улицата „Киро Фетак” во населба Драчево. Улиците „Александар Мартулков” и „Крсте Гермов – Шакир” во Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, од 12 до 14 часот без струја ќе биде улицата „Милан Мијалковиќ” во околината на куќен број 3 во Кисела Вода и од 12 до 16 часот дел од улиците „Балканска” и „Жил Верн”, корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа во Кисела Вода.

Задутре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улица „Лазар Поп Трајков”, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во општина Гази Баба, од 8:45 до 10:30 часот, корисниците од селата: Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во општина Сарај, а од 9 до 14 часот, корисниците од село Крушопек, исто така, во Сарај. Од 10 до 14 часот без струја ќе биде и дел од од улицата „Варшавска” во општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот