Поради небезбеден бетон над 150 училишта во Британија мораат да затворат некои од нивните згради

Училиште / илустрација / Фото: Слободен печат

Повеќе од 150 британски училишта добија наредба да затворат некои од нивните објекти, откако е утврдено дека тие не се безбедни.

Британското Министерство за образование соопшти дека 156 училишта се засегнати од присуството на т.н. автоклавен аериран бетон во нивните згради, за кој властите велат сметаат дека постои опасност од уривање.

Британскиот образовен систем, кој сè уште се опоравува од домашната настава за време на пандемијата на коронавирус, шест месеци годинава е погоден од штрајкови на наставниците, заради прилагодување на платите според инфлацијата.

Министерката за образование Џилијан Киган рече дека поголемиот дел од британските училишта ќе останат отворени за редовно учење за сите ученици, бидејќи проблематичниот бетон е пронајден само во мал дел од училишните згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот