Поради министерот за здравство, бразилската делегација во Њујорк оди во карантин

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро (лево) и британскиот премиер Борис Џонсон (десно) во Њујорк/ Фото MICHAEL M. SANTIAGO / PROFIMEDIA

Бразилската делегација на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН одлучи да оди во самоизолација откако беше откриено дека еден од нејзините членови, министерот за здравство, е позитивен на коронавирусот, пишува Ројтерс.

Оваа земја потврди дека целата делегација одлучила да биде во самоизолација 14 дена, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Претходно, беше објавено дека бразилскиот министер за здравство, Марсело Киерога, е позитивен на коронавирус.

Според еден од изворите, бразилската делегација се вратила дома и само Квирога останал во Њујорк.

Паника во Њујорк: Џонсон без маска ракувал со заразениот бразилски министер, пред средбата со Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот