Поради коронавирусот и власта и опозицијата во Србија ќе ги откажат сите предизборни и јавни собири

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Доколку состојбата со коронавирусот ескалира, можно е и откажување на изборите закажани за април, изјави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки.

Тој не ја отфрли и можноста, доколку состојбата со коронавирусот ескалира, изборите закажани за април да се одложат. Сепак, како што истакна српскиот претседател, во наредниве денови ќе се следи состојбата со ширењето на вирусот и зголемување на бројката на  евнтуалните нови случаи на заразени, и доколку има потреба, изборите ќе се одложат на неодредено време.

Денеска и опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) ја повика српската Влада веднаш да донесе одлука за забрана на јавни собири, привремено да ги затвори сите предучилишни и училишни установи и факултети, најмалку три недели и да препорача сите претпријатија да им овозможат на вработените да работат од дома со цел да ги заштитат жителите од ширењето на вирусот Ковид-19.

Од СзС, исто така, наведоа дека ги откажале сите планирани митинзи во кампањата за бојкот на изборите, започнувајќи со собирот најавен за денеска во Куршумлија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот