Поради изборите нема да се игра кошрка од 14 до 19 октомври
Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција што беа планирани во периодот од 14 до 19 октомври (од вторник до недела) се одложуваат, поради претстојните локални избори што ќе се одржат во земјава.
Препорачано
Министерството за внатрешни работи (МВР) испрати официјално известување до клубовите, во кое се наведува дека полициските сили ќе бидат целосно ангажирани околу безбедносниот аспект на изборниот процес, што го прави невозможно нормалното одвивање на спортските настани во овој период.
Поради тоа, сите закажани натпревари во наведениот период ќе бидат презакажани, а од Кошаркарската федерација на Македонија веќе е одреден нов термин за нивно одигрување и тоа е од 20 до 22 октомври.
„Сите одложени натпревари задолжително да се одиграат во периодот: понеделник 20.10.2025 до среда 22.10.2025 година. Доколку двата клуба се усогласат, натпревар може да биде одигран и ПО овие датуми, но ИСКЛУЧИВО СО ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ од клубовите и НАЈДОЦНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНОТО КОЛО (25–26.10.2025 – сабота/недела)“, стои во соопштението.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
16мин
-
48мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


